Политика за приватност

1. ВОВЕД

1.1 CHIPITA SOCIETE ANONYME INDUSTRIAL AND COMMERCIAL COMPANY, со дистинктивен назив ЧИПИТА С.А. (CHIPITA S.A.) (во понатамошниот текст „Компанијата“, „ние“ или „нас“), со регистрирано седиште во Општина Метаморфози, на 12-тиот км од Националниот пат Атина - Ламиа, П.Ц .: 14452, е посветена на заштита и почитување на приватноста на вашите лични податоци.

1.2 Оваа политика за приватност (заедно со нашите Услови за користење, Политика за колачиња и сите други документи кои упатуваат на неа) ги утврдува принципите кои ги следиме во врска со обработката на вашите лични податоци што ги собираме од вас или вие ни ги обезбедувате кога пребарувате информации и ја користите оваа веб-страница (во понатамошниот текст „веб-страницата“), а се спроведува во согласност со важечките национални и европски закони за заштита на поединците во поглед на обработката на лични податоци. Ве молиме, внимателно прочитајте го следново со цел да го разберете нашиот пристап и практики во врска со вашите лични податоци и како ќе постапуваме со нив.

1.3 Пребарувајќи информации на нашата веб-страница, потврдувате дека ги прифаќате Политиката за приватност и Политиката за колачињаи дека се согласувате со собирање, обработка и објавување на вашите лични податоци во согласност со Политиката за приватност и Политиката за колачиња.

1.4 Обработката на вашите лични податоци, како што е опишано во оваа политика за приватност, се заснова врз согласноста што ни ја давате со користењето на нашата веб-страница.

2. КОНТРОЛОР НА ПОДАТОЦИ

2.1 CHIPITA SOCIETE ANONYME INDUSTRIAL AND COMMERCIAL COMPANY, со дистинктивен назив ЧИПИТА С.А. (CHIPITA S.A.) (во понатамошниот текст „Компанијата“, „ние“ или „нас“), со регистрирано седиште во Општина Метаморфози, на 12-тиот км од Националниот пат Атина - Ламиа, П.Ц .: 14452 е Контролор на податоци во согласност со важечкото законодавство за заштита на податоците.

3. СОБИРАЊЕ ИНФОРМАЦИИ

3.1 Собираме лични информации за вас кога ја користите нашата веб-страница. Информациите што ги собираме спаѓаат во три категории: (а) информации што ни ги давате; (б) информации што ги собираме преку автоматизирани методи и (в) информации што ги собираме од други извори.

3.2 Може да ги комбинираме информациите што ни ги давате со информациите што ги собираме преку автоматизирани методи и со информациите што ги добиваме од други извори.

3.3 Може да ги собираме следниве информации:
  • Информации за сметката, како што се вашето корисничко име или лозинка (или што било друго што ве идентификува) користени за да пристапите на нашата веб-страница или за да ги користите услугите на веб-страницата во согласност со Условите за користење.
  • Информации за профилот, вклучувајќи и информации за услугите што ви се допаѓаат, или дали сакате да нѐ посетувате или колку често ја користите нашата веб-страница.
  • Автоматизирани технологии со цел да собираме информации од вашиот уред кога ја користите нашата веб-страница, како што е вашата адреса за Интернет протокол (IP адреса).
  • Пренасочувачката страница (веб-страницата што ве довела до нашата веб-страница).
  • Пораки испратени до нас или во врска со нас на социјалните медиуми и
  • Дејства во врска со начинот на кој ја користите нашата веб-страница, како на пример, кои делови од нашата веб-страница најмногу сакате да ги посетувате.
Поголемиот дел од мобилните уреди и прелистувачите ви овозможуваат да ја отповикате согласноста што сте ни ја дале за собирање на овие информации, користејќи ги поставките на вашиот уред или прелистувач. Ако имате прашања за тоа како да спречите собирање информации во врска со вашата точна локација, препорачуваме да го контактирате провајдерот на техничка поддршка за вашиот мобилен уред, производителот на уредот или провајдерот на софтверот или провајдерот на прелистувачот. Некои услуги може да не функционираат правилно без информации за вашата локација. Доколку сакате да ги избришете информациите што ја одредуваат вашата локација, а кои сме ги собрале, ве молиме контактирајте нѐ на нашата адреса или имејл адреса, наведени подолу. Може да имаме обврска да чуваме одредени информации за вас во согласност со законот.

3.4 Може да собираме информации за вас од други извори, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на информации од други компании или организации. Може, исто така, да собираме информации кои се јавно достапни. На пример, може да собираме информации за вас кога комуницирате со нас на социјалните медиуми.

4. КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ИНФОРМАЦИИТЕ КОИ ГИ СОБИРАМЕ

4.1 Информациите кои ги собираме ги користиме за:
  • Прелистување и користење на веб-страницата,
  • Персонализирање на вашето искуство на нашата веб-страница,
  • Управување со нашите деловни активности, вклучувајќи развој на нови производи и маркетинг услуги и нашата рекламна активност,
  • Одржување и подобрување на квалитетот на нашите производи, нашите понуди, нашите промоции и нашата веб-страница.
5. СО КОГО ГИ СПОДЕЛУВАМЕ ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ

5.1 Не ги откриваме вашите лични информации на трети лица; меѓутоа, може да ги откриеме вашите информации на добавувачите кои ни нудат услуги, како што се услуги за организирање и спроведување промоции и наградни игри, услуги за поддршка на веб-страници и други ИТ услуги. Им забрануваме на тие трети лица да ги користат овие информации или да ги откриваат за која било друга цел, освен за обезбедување услуги во наше име.

5.2 Може да одлучиме, од стратешки или други деловни причини, да продадеме или да пренесеме цел или дел од нашиот бизнис. Како дел од таа продажба или пренос, може да ги пренесеме информациите кои сме ги собрале на секој што е вклучен во продажбата или преносот.

5.3 Може да споделуваме информации кои не ве идентификуваат директно. На пример, може да споделуваме анонимна, збирна статистика за вашето користење на нашата веб-страница.

5.4 Во исклучителни случаи, нашата компанија може да ги открие вашите лични информации на трети лица само ако постои законска обврска да го стори тоа, или е должна со одлука/налог на судски или друг надлежен орган.

6. КАДЕ ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

6.1 Личните информации што ги собираме од корисниците се чуваат на сигурни сервери во Европската унија (ЕУ), а компанијата ги презема сите разумни мерки за нивна заштита.

6.2 Може да ги откриеме вашите лични податоци на други компании од Групацијата Чипита во и надвор од ЕУ, на пример, во земји кои не нудат исти заштитни мерки за заштита на личните податоци како земјата во која живеете. Се потпираме на трети лица/партнери за обезбедување услуги и производи во наше име (како на пример, за поддршка на веб-страници) и може да ги откриеме вашите лични податоци на тие трети лица (на пример, на програмерски/софтверски компании, компании за поддршка на веб-страници, итн.). Генерално, нашите провајдери на услуги имаат договорна обврска да ги заштитуваат вашите лични податоци и тие не можат во никој случај да ги користат или пренесуваат вашите лични податоци. Нема да дозволиме тие трети лица да ги користат или објавуваат овие информации за други цели освен за обезбедување услуги во наше име.

6.3 Без оглед во која земја се префрлаат вашите лични податоци, ние ќе ги споделуваме вашите лични податоци само кога тоа е неопходно и секогаш согласно соодветни мерки за заштита (како што се стандардните договорни одредби на ЕУ).

7.  БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

7.1 Се обврзуваме на преземање на сите разумни мерки со цел да гарантираме ажурирање на вашите лични информации. Нашите технички, административни и други процедури се дизајнирани да ги заштитат вашите лични информации од случајно, незаконско или неовластено губење, пристапување, откривање, користење, менување или уништување. Иако ги правиме сите можни напори за заштита на нашите компјутерски системи, ниту една веб-страница, компјутерски систем или пренос на податоци преку интернет или друга јавна мрежа, не можат да бидат целосно сигурни.

8. ПЕРИОД НА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

8.1 Ги чуваме вашите лични информации во временски период кој е неопходен за целите на обработка наведени во оваа политика за приватност (освен ако со закон не е пропишан подолг период на задржување).

9. ВАШИТЕ ПРАВА

9.1 Според важечкото законодавство, имате право на пристап, т.е. да бидете информирани, на ваше барање, дали вашите лични податоци се предмет на обработка и да добиете дополнителни информации за таквата обработка, особено за тековната обработка, соодветните заштитни мерки под кои се вршат преноси во трета земја или меѓународна организација. Освен тоа, имате право да побарате корекција на кои било неточни лични податоци за вас. Понатаму, сè додека се исполнети условите согласно важечкото законодавство, имате право на бришење, право на ограничување на обработката, право на преносливост на податоците и право на приговор во врска со обработката. На крај, ако сметате дека обработката на вашите лични податоци од страна на нашата компанија е во спротивност со важечкото законодавство, имате право да поднесете жалба до надлежниот орган за заштита на податоците.

9.2 Покрај тоа, може да ја повлечете својата согласност во секое време, но повлекувањето на согласноста нема да влијае на законитоста на обработката базирана врз согласноста пред нејзиното повлекување.

9.3 Имате право да побарате копија од вашите лични податоци собрани од компанијата, контактирајќи нѐ на gdpr@chipita.com.

10. ЛИНКОВИ ДО ДРУГИ ВЕБ-СТРАНИЦИ И СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

10.1 Веб-страницата може да содржи линкови до веб-страници управувани од нас или од трети лица. Ако следите линк до некоја од тие веб-страници, треба да ја прочитате политиката за приватност на веб-страницата, условите за користење и останатите правила. Не сме одговорни за политиките и практиките на трети лица. Тие организации управуваат со информациите што им ги давате во согласност со својата политика за приватност, условите на користење и останатите правила.

10.2 Провајдерите на други апликации, алатки, украсни програми и дополнителни компоненти достапни на нашата веб-страница, како што се копчињата „Ми се допаѓа“ на Фејсбук, може исто така да користат автоматизирани методи за собирање информации во врска со тоа како ги користите тие функционалности. Тие организации можат да ги користат вашите информации во согласност со своите сопствени политики и ние не сме одговорни за тие политики.

11. ИЗМЕНИ ВО НАШАТА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

11.1 Оваа политика за приватност е на сила од датумот наведен на почетокот на Политиката. Можеме да ја измениме оваа политика за приватност согласно нашето дискреционо право. Во случај на измени, ќе ја објавиме ревидираната верзија овде и ќе го смениме „датумот на последно ажурирање“ (датумот кога измените стапуваат на сила) на почетокот на Политиката. Треба редовно да проверувате дали оваа политика е ажурирана и е најновата верзија на Политиката за приватност, а доколку продолжувате да ја користите веб-страницата, се смета дека ги прифаќате сите измени во Политиката.

12. КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ

Ви благодариме што ја прочитавте Политиката за приватност на нашата компанија. Доколку имате какви било прашања во врска со оваа политика или доколку сакате да остварите некои од правата што ги имате како субјект на лични податоци, може да ја контактирате компанијата на gdpr@chipita.com.