Политика за колачиња

Нашата веб-страница (во понатамошниот текст „веб-страницата“) користи колачиња со цел зачувување информации на вашиот компјутер. Оваа политика објаснува како веб-страницата ги користи колачињата. Доколку ја прелистувате веб-страницата, се смета дека се согласувате и прифаќате користење колачиња на вашиот компјутер според условите на оваа политика. Ако не сакате да примате колачиња од веб-страницата, ве молиме, или изменете ги вашите поставки (како што е наведено подолу) или воздржете се од користење на веб-страницата.

Што се колачиња?

„Колачиња“ се мали текстуални датотеки кои веб-страница (поточно, веб-сервер) ги зачувува на компјутерот на корисникот; меѓутоа, не е возможен пристап до ниту еден документ или датотека на компјутерот на корисникот. Колачињата содржат информации, како што се на пример, назив на веб-страница и одредени цифри и броеви. Секогаш кога корисник прелистува веб-страница, таа ги наоѓа тие информации и му обезбедува на корисникот услуги поврзани со тие информации. Типичен пример за такви информации се преференциите на корисникот на веб-страница, бидејќи тие се одредуваат преку изборот на корисникот на таа веб-страница (на пример, кликање одредени „копчиња“, пребарувања, реклами, итн.).

Какви видови колачиња користи веб-страницата?

Видови користени колачиња:

Технички колачиња

Техничките колачиња се користат за правилно функционирање на одредени делови од веб-страницата. Веб-страницата користи технички колачиња чија ексклузивна цел е пренесување комуникација или кои се неопходни за обезбедување одредена услуга, барана од претплатникот или корисникот“. Таквите технички колачиња може да се поделат на:

  • Аналитички колачиња, кои се технички колачиња кога се користат за мерење и анализирање на целокупниот број корисници и нивното однесување додека прелистуваат одредена веб-страница,
  • Колачиња за функционалност, кои овозможуваат прилагодување на веб-страницата според изборот на корисникот (на пр., јазик, итн.), со цел да се обезбедат подобрени услуги.
Собирањето и обработката на податоците добиени со користење технички колачиња, се неопходни за правилно функционирање на веб-страницата. Ако корисникот се противи на користењето вакви технички колачиња, тој/таа нема да може правилно да пристапува и да ја гледа веб-страницата.

Веб-страницата ги користи следниве технички колачиња, вклучувајќи колачиња за функционалност и аналитички колачиња:

КОЛАЧЕ ОПИС ВРЕМЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ ЦЕЛ
ASP.NET_SessionId Ги зачувува запаметените информации од сесии на посетителот низ барањата за отворање страници. 20 мин по последната корисничка интеракција Да ги одржува запаметените информации меѓу клиентот (прелистувачот) и серверот (заднината).
_ga Регистрира единствена идентификација која се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб-страницата. 2 години Да помага при собирање статистички податоци за користењето на страницата.
_gat Се користи од Google Analytics за ограничување на стапката барања. 20 мин по последната корисничка интеракција Да помага при собирање статистички податоци за користењето на страницата.
_gid Регистрира единствена идентификација која се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб-страницата. 20 мин по последната корисничка интеракција Да помага при собирање статистички податоци за користењето на страницата.
wplayer.captionLabel Овие колачиња се користат од страна на JWPlayer (видео плеер) за да се запомни изборот на корисникот за сите дополнителни видеа што тој/таа ги гледа. 20 мин по последната корисничка интеракција Да ги зачуваат вклучените плеер преференции.

Освен кај техничките колачиња, општото правило кое го уредува користењето електронски комуникациски мрежи е дека за добивање пристап до претходно зачувани информации во терминалната претплатничка опрема, потребна е претходна согласност од корисникот после експлицитни и детални информации, т.е. таа согласност треба да се базира врз опција за давање согласност наместо опција за одбивање согласност.

Затоа, колачињата кои не се „технички“ колачиња и кои се поважни за приватноста на корисниците, на пр., оние што се користат за креирање кориснички профил, можат да бидат инсталирани на терминалната опрема на корисникот доколку корисникот е јасно и детално информиран и валидно ја дал својата согласност.

Колачиња од трети лица

При прелистување на веб-страницата, веб-прелистувачите може да користат колачиња од трети лица.

Колачињата од трети лица се инсталираат на различна веб-страница од онаа која корисникот ја прелистува. Тоа е затоа што секоја веб-страница може да содржи елементи (слики, мапи, звуци и одредени линкови до други називи на домени) што се зачувани во компјутерски сервери кои се различни од оние што ја хостираат веб-страницата што корисниците ја прелистуваат.

Подолу ќе најдете список со колачиња од трети лица, користени од веб-страницата:

КОЛАЧЕ ОПИС ВРЕМЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ ЦЕЛ
collect Се користи за праќање податоци на Google Analytics во врска со уредот и однесувањето на посетителот. Го следи посетителот низ уредите и маркетинг каналите. 20 мин по последната корисничка интеракција Да помага при собирање статистички податоци за користењето на страницата.
GPS Регистрира уникатна идентификација на мобилните уреди за да овозможи следење врз основа на географска ГПС локација. 20 мин по последната корисничка интеракција Да помага при собирање статистички податоци за локацијата на корисникот.
IDE Се користи од Google DoubleClick за регистрирање и пријавување на активностите на корисникот на веб-страницата после разгледување или кликање на некоја од рекламите на огласувачот со цел да се измери ефективноста на рекламата и на корисникот да му се презентираат таргетирани реклами. 1 година Да помага при собирање статистички податоци за интеракцијата на корисникот со рекламите во рекламната мрежа на Google. (колачето е поставено како дел од собирањето демографски податоци и податоци за интереси за Google Analytics).
PREF Регистрира уникатна идентификација што Google ја користи за да води статистика за тоа како посетителот користи You Tube видеа на различни веб-страници. 8 месеци Да помага при собирање статистички податоци за користењето YouTube видеа од страна на корисникот.
test_cookie Се користи за проверка дали прелистувачот на корисникот поддржува колачиња. 20 мин по последната корисничка интеракција Да одреди дали прелистувачите на корисникот поддржуваат колачиња.
VISITOR_INFO1_LIVE Се обидува да го процени пропусниот опсег на корисникот на страници со интегрирани You Tube видеа. 179 денови Да помага во проценката на пропусниот опсег на корисникот.
YSC Регистрира уникатна идентификација за да води статистика за тоа какви You Tube видеа гледа корисникот. 20 мин по последната корисничка интеракција Да помага при собирање статистички податоци за користењето YouTube видеа од страна на корисникот.
yt-player-two-stage-token Ги чува видео плеер преференциите на корисникот, користејќи вклучено YouTube видео.  Постојано Да помага на корисникот во зачувување на неговите/нејзините преференции за видео скрининг.

Информациите собрани со употреба на горенаведените колачиња не се објавуваат на трети лица, освен ако со закон не е поинаку предвидено.

Како да управувате со колачињата преку конфигурирање на прелистувачот

Некои корисници може да не се согласуваат со складирање на информациите собрани преку колачиња од страна на нивниот компјутер. Секој прелистувач вклучува детални упатства во врска со политиката за користење колачиња.

Ако не сакате да примате колачиња, можете да ги измените поставките на вашиот прелистувач, така што ќе бидете предупредени, кога се испраќаат колачиња, да ги деактивирате сите или некои од колачињата кои се користат од страна на веб-страницата или да ги избришете колачињата веќе инсталирани од страна на веб-страницата.

Поголемиот дел од функциите на веб-страницата ќе работат без користење колачиња. Меѓутоа, доколку ги деактивирате колачињата, нема да имате пристап до одредени услуги и функционалности на веб-страницата.

На следните линкови можете да ги најдете потребните информации во врска со управувањето со колачиња кај сите веб-прелистувачи.

https://www.aboutcookies.org/, http://www.youronlinechoices.eu/.

Подолу ќе најдете примери за најчести верзии на веб-прелистувачи, каде можете да добиете информации за тоа како да ги оневозможите колачињата.

Google Chrome: https://support.google.com/chrome/answer/95647?hl=en-GB

Internet Explorer: https://support.microsoft.com/en-ca/help/278835/how-to-delete-cookie-files-in-internet-explorer

Mozilla Firefox: https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences

Safari: https://support.apple.com/en-ie/guide/safari/sfri11471/mac

Во секој случај, се препорачува да ја разгледате официјалната библиографија на софтверските компании во врска со најновите ажурирања, како и на веб-прелистувачите на другите софтверски компании.