Услови за користење

Ви благодариме за посетата на www.chipicao.com (Веб-страницата). Прочитајте ги внимателно условите за користење на Веб-страницата претставени во следниов текст, бидејќи секое понатамошно користење на Веб-страницата претставува нивно прифаќање.  

Веб-страницата е во ексклузивна сопственост на Chipita S.A и нејзина цел е да овозможи контакт со Chipita и да обезбеди информации за ексклузивна лична и некомерцијална употреба. Термините «ние», «наша», «Chipita» и «Chipita Group» кои што се користат на оваа Веб-страница се однесуваат на Chipita S.A. и сите поврзани компании.

Со пристапувањето на оваа веб-страница автоматски се согласувате со договорот дека какви било прашања да се појават од користењето или поврзани со користењето на споменатата Веб-страница и нејзините содржини ќе бидат предмет на законите на Грција. Исто така се согласувате дека судовите на Атина ќе имаат ексклузивна надлежност во однос на споменатите прашања.

Заштитни знаци и авторски права

Сите трговски знаци, карактеристични знаци, логоа, дизајни и карактери (« права на ИС ») насликани на оваа Веб-страница претставуваат интелектуална сопственост на Chipita или се вклучени на оваа веб-страница со дозвола на сопственикот, кој има дадено право и овластување на Chipita за користење на споменатите права на ИС. Оттаму, секое користење или репродукција за каква и да е намена или со какви и да е средства, строго и изрично е забрането и истите ќе бидат судски гонети во согласност со соодветните закони.

Веб-страните кои ја сочинуваат Веб-страницата, заедно со сите нивни содржини (вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текстовите, графиката и звукот на пример) се сопственост на Chipita или содржат материјали за кои Chipita има овластување за користење. 

Забрането е менување, копирање, дистрибуирање, пренесување, прикажување, презентирање, репродуцирање, објавување, лиценцирање, префрлување или продавање на какви било информации, софтвер, производи или услуги и општо на сиот материјал кој што е добиен од Веб-страницата. Дел од материјалите содржани на оваа Веб-страница може да се превземат или да се печатат само за лична употреба или за информациски цели и се предмет на согласност со авторските и со други права. Ниту една копија на кој било дел од оваа Веб-страница не смее да се продава, дистрибуира, менува или да се вклучува во која било работа, публикација или веб-страница за комерцијална добивка.

Ништо од содржините вклучени на Веб-страницата не може да се толкува како јасно или потенцијално давање на користење на IP правата, текстовите фотографиите, графиката, звуците или други заштитени податоци на Chipita од претходно споменатите права на интелектуална сопственост.

Прецизни, целосни и ажурирани податоци 

Иако се води огромна грижа при избирањето и ажурирањето на содржините на оваа Веб-страница, Chipita не ја гарантира целосноста, прецизноста, валидноста и тематиката, корисноста или веродостојноста на кои и да било информации содржани овде. Корисникот ќе биде целосно одговорен за каков било ризик кој би можел да настане во однос на материјалите содржани на оваа Веб-страница.

Достапност на производот

Упатувањето на кој било производ или услуга на оваа веб-страница нема да претставуваат понуда за продажба или поттикнување на купување на споменатиот производ или услуга.

Одговорност

Chipita не превзема никаква одговорност за какви било директни, индиректни или претстојни штети, трошоци или загуби потенцијално направени од страна на корисниците на оваа Веб-страница или на нивна сопственост како резултат на користењето на оваа веб-страница, неможноста за пристап до неа или превземањето на содржини онаму каде што тоа е дозволено, вклучувајќи оштетувања од вируси на компјутерот на корисникот или на друга сопственост. Целосниот ризик и одговорност за користењето на оваа Веб-страница ќе биде на корисникот. 

Chipita нема да биде одговорна за одржувањето на материјалите и услугите содржани на оваа Веб-страница, ниту пак за обезбедувањето на исправки, ажурирања или верзии на софтвер. Сите материјали на оваа Веб-страница може да се изменат без претходно известување. 

Доколку тоа е дозволено со закон, корисникот јасно ќе се одрече од какви било побарувања од Chipita или нејзините партнери кои потенцијално може да се јават од користењето или пристапот на оваа Веб-страница. 

Поврзување со други веб-страници

Оваа страница може да обезбедува пристап до други веб-страници вон мрежата и системите на Chipita Group. Chipita не превзема никаква одговорност за содржините, прецизноста или работењето на веб-страниците кои припаѓаат на трети страни. Chipita не поддржува или одобрува какви било производи кои што се нудат на веб-страниците на третите страни кои потенцијално се посетуваат преку оваа Веб-страница. 

Доставување на материјали на Веб-страницата

Какви било дејствија кои, според апсолутната дискреција на Chipita, може да се сметаат за непристојни и/или нелегални, кои според законите под кои подлежи оваа Веб-страница не се дозволени, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на какви било дејствија кои вклучуваат прикачување, дистрибуција или публикација преку оваа Веб-страница на погрдни, клеветнички, навредливи, заканувачки, погани или на кој било начин незаконски содржини или документи, кои може да влијаат на нашиот корпоративен профил. Ќе биде забрането прикачување на документи на оваа Веб-страница кои што содржат вируси кои може да и наштетат на Chipita или на други лица. 

Доверливост

Chipita води огромна грижа за да ја заштити доверливоста и да се осигура дека личните податоци се безбедни.

Не се потребни никакви информации за едноставно пребарување на нашата Веб-страница – корисникот може да ја посети нашата страница без да го открива својот идентитет или да обезбеди каква било форма на лични податоци. Сепак, доколку корисникот одлучи доброволно и свесно да ни остави податоци, како што се име и адреса со барање за контакт, ќе ги искористиме таквите информации за да одговориме на барањето или прашањето на корисникот со цел да комуницираме со корисникот, со целосна почит на неговата приватност. 

Освен тоа, за време на посетата на нашата Веб-страница одредени не-лични/собрани податоци автоматски се зачувуваат на нашите сервери за управување со системот, статистички и резервни цели. Таквите податоци ги сочинуваат името на обезбедувачот на Интернет на корисникот, во некои случаи неговата IP адреса, верзијата на софтверот на неговиот пребарувач, оперативниот систем што се користи за пристап на нашата страница, веб-страната што се користи за пристап на нашата страница, други страници што се посетуваат додека се пребарува нашата и доколку е тоа применливо, клучните зборови што се користат за да се пронајде нашата Веб-страница.